< ="text/" ="">
httpool_src = 'http://hadrian.httpool.com/js.ng/site=mksport&targetsite=mksport&AdSize=468x60&PagePos=1';
now = new Date();
var ran = "" + now.getTime();
document.write ('
');
< ="1.1" ="http://hadrian.httpool.com/js.ng/site=mks&targetsite=mks&AdSize=468x60&PagePos=1&ran=1174331337015">
kako su igrale makedonskite internacionalci vo evropa
i mislam deka ke razumete ovoj tekst
Ристиќ со ножички, Наумоски со глава
*Репрезентативните напаѓачи во улога на стрелци за своите клубови, а во пресрет на квалификацискиот меч со Хрватска
Јужна Кореа 3. коло
Сревица Ристиќ (Улсан -
Чонбук 2:1) во 17. минута ја дигна публиката на нозе откако постигна
фантастичен гол со ножички од 7-8 метри. Тој му донесе водство на
неговиот тим на големото дерби во кое домаќинот успеа да направи
пресврт и да му нанесе пораз на гостинот кој беше предводен од Ристиќ.
Ова е втор гол на третиот меч за Ристиќ во новата средина по оној во
премиерното коло кога погоди во 30. секунда и стана најбрз стрелец во
историјата на Јужна Кореја.
"Овој гол против Улсан беше со
ножички и можам да кажам најатрактивен во мојата досегашна кариера.
Штета што загубивме", коментира Ристиќ од Далечниот Исток кој се
подготвува за долг пат кон Охрид и подготовките со националниот тим
пред дуелот со Хрватска.
Австрија 25. коло
Илчо
Наумоски (Матерсбург - Алтач 2:1) по само 5 минути игра ја навести
првата победа на Матерсбург во вториот дел од сезоната. Нашиот голгетер
со глава ја смести топката во мрежата по центаршут од десната страна со
што го постигна вториот гол во оваа сезона.
"Погодив во
вистинско време и пред најважниот меч за репрезентацијата. Сега имам
уште поголема желба и следната сабота да бидам стрелец и да се радувам
во Загреб", изјавува Наумоски, кој настапи до 63. минута, а беше
заменет поради тоа што имаше жолт картон и бил на работ на исклучување.
На овој дуел поради жолти картони не настапи Гоце Седлоски, кој
уште во петокот пристигна во земјава. Со победата Матерсбург се врати
на втората позиција од табелата.
Турција, 25. коло
Величе
Шумуликоски настапи до 68. минута за неговиот Бурсаспор, кој доживеа
вистинска катастрофа против гигантот Фенербахче и загуби со 0:4.
Поранешниот шампион на Турција со ова му се реваншираше на тимот на
Шумуликоски за поразот во есенскиот дел во Истанбул. При водство од 0:3
за гостите, нашиот репрезентативец беше заменет. Сега Бурса падна на
10. место со 33 бодови.
Грција, 26. коло
Драган
Начевски (Ерготелис - Атромитос 0:1) се најде во првиот тим на
Ерготелис, кој загуби три значајни бодови на свој терен од Атромитос.
Тимот на Начевски остана на 8. место во најдобрата грчка лига со 33
бодови.
Ванче Шиков (Керкира - АЕК 0:1), цел меч беше во
одбраната на домашните, која заспа во 1. минута кога падна и
единствениот гол на средбата.
Горан Попов не настапи за Егалео, кој загуби дома од ОФИ со 1:2.
Унгарија 21. коло
Ацо
Стојков (Хонвед - Дебрецин 2:1) го одигра само првиот дел од мечот, а
неговот тим иако е лидер на табелата стигна до неочекуван пораз.
Стојков имал една шанса за гол. Ова за него беше прв меч како стартер
за Дебрецин иако во минатото коло во своето деби се запиша во листата
на стрелците.
Белгија 26. коло
Чеде
Јаневски сопобедата од 4:1 над Брисел им се доближи на конкурентите во
борбата за 3. место на табелата. Бриж убедливо стигна до победата која
е најубедлива откако Јаневски е тренер на тимот кој пролетва се наоѓа
во криза.
Горан Мазнов (Локерен), Владимир Димитровски
(Вестерло) и Игор Ѓузелов (Серкл Бриж) не настапија за своите екипи кои
имаа успешен викенд во кој се изборија за три бода. Мазнв и Димитровски
не ја добија довербата од тренерот, додека Ѓузелов паузираше поради
жоли картони.
Кипар, 22. коло
Игор
Јанчевски (Омонија - Енозиз 1:3), беше асистент на третиот гол за
гостите на чиј гол блескаше одличниот Петар Милошевски. Гостите со
неочекувана победа, а ова беше дуел на кој се пресметуваа тројца наши
актуелни репрезентативци. Јанчевски и Милошевски иако аутсајдери славеа
на терент кај Влатче Гроздановски, кој доби шанса за настап во вториот
дел, додека Наумов повторно беше резерва. Со овој пораз Омонија остана
втора, но ја губи битката за титулата со Аполон.
Ѓорѓи Христов
(Етникос А. - Олимпијакос 0:0) ги одигра првите 62 минути од овој меч
по што беше заменет. Неговиот тим Олимпијакос е во зоната за испаѓање и
ќе води жестока битка за опстанокот во лигата.
Полска, 18. коло
Владе
Лазаревски и неговиот Гроцлин се специјалисти за "реми" во полскиот
шампионат. Овој викенд полскиот тим играше 1:1 против Одра на свој
терен. Лазаревски ги одигра сите 90 минути, а на овој натпревар
Ивановски не доби шанса за настап и беше на клупата за резерви.
Златко
Таневски (Лех П. - Корона 3:0) беше во одбраната на домашниот тим сите
90 минути во кои Лех Познањ забележа значаен триумф во борбата за
горниот дел од табелата.
Борче Маневски не доби шанса за настап на мечот во Забрзе, во кој неговиот Горник Лежна триумфираше со 2:3.
Гроцлин
е на 9. место со 24 бодови, Лех Познањ се наоѓа две места погоре,
додека Горник Лежна е на 12. позиција на табелата и ќе треба да
стравува за својот опстанок.
Бугарија 18. коло
Роберт
Петров (ЦСКА (С) - Литекс 2:0) го одигра целиот натпревар за домаќините
на кој беше асистент на вториот гол за неговиот тим во победата на
дербито на Бугарија против Литекс. Нашиот репрезентативен бек во 79.
минута се проби по левата страна, влезе во шеснаесетникот и одлично го
пронајде осамениот Јорданов, кој ја затресе мрежата на гостите. Ова
беше прв меч за Петров во дресот на ЦСКА по подолго време, а се врати
затоа што ја доби довербата од новиот тренер на "црвените". Во дербито
на Бугарија за тимот на Литекс настапи Роберт Попов, кој ги одига сите
90 минути.
Петар Баснарков (Черноморец - Марек 1:4) беше на
голот на гостите, кои убедливо славеа на гостувањето кај Черноморец.
Баснарков само еднаш капитулираше на овој натпревар, и тоа во 62.
минута. За тимот на Марек едно полувреме настапи и Тони Питошка, кој
беше заменет на паузата при резултат 1:0 за неговиот тим.
Зоран
Балдовалиев (Славија - Локомотив (П) 1:0) го одигра целиот натпревар за
гостите, за кои од 68. минута настапи и младинскиот репрезентативец
Зоран Златковски. По еден груб старт врз еден од домашните фудбалер,
Балдовалиев заработи жолт картон. Илјами Халими поради повреда не беше
во составот на Локомотив Пловдив. Славчо Георгиевски ги одигра
последните минути од овој дуел влегувајќи во 90. минута како тактичка
замена на тренерот на Славија.
Украина, 19. коло
Дени
Масев го одигра целиот натпревар за неговиот Металург Запорожје, кој
освои три бода против Арсенал Киев од 2:1. Со оваа победа екипата од
Запорожје за момент е надвор од "опасната" зона. Дарко Тасевски 70
минути се најде во вториот тим на Металург, кој одигра 0:0 со вториот
тим на Арсенал.
Бобан Грнчаров (Стал - Ворксла 0:1) загуби
драгоцени бодови на својот терен. Нашиот дефанзивец беше во одбраната
на домашниот тим сите 90 минути, а сега неговата екипа со една нога
веќе е во Втората лига. Стал е "закован" на последната позиција со само
13. бодови.
Катар 24. коло
Александар
Бајевски (Вакра - Ал Ахли 0:0) дебитираше за гостинската екипа, која
иако освои голем бод во ова коло на гостувањето кај четвртопласираната
екипа, и натаму се наоѓа во зоната на испаѓање во катарското првенство.
Бајевски го одигра целиот натпревар, имаше две одлични шанси за гол,
но, сепак, не успеа да се запише во листата на стрелците уште на првиот
натпревар за новиот тим.
И. Д. Ивановски
Италија 28. коло
"Десетка" за СУПЕР ПАНДЕВ
Горан
Пандев продолжува со својата магија. Синоќа беше херојот на Лацио кој
со 3:1 славеше над Емполи на "Олимпико" со што римјаните ја задржаа
третата позиција. Пандев уште во 8 минута со прекрасен лоб удар од 25
метри најави дека тоа е негова ноќ. Го постигна својот десетти гол во
оваа сезона со кој го откри резултатот. Но струмичанецот тика не
застана. Во 23 минута асистиа до Роки за 2:0 а до крајот на средбата со
уште еден куп, слаломи, додавања за кои добиваше аплаузи од домашните
навивачи. Пандев е во одлична фома а по долга пауза одигра и цел меч за
својот клуб кој е на добар пат да избори пласман на позиција која
гарантира настап во Лигата на шампионите.
Нашиот најдобар
фудбалер синоќа беше најдобар во Лацио а оваа негова гол форма е добар
знак за нашиот национален тим пред саботниот квалификациски дуел со
Хрватска во Загреб. Сега Пандев е само на еден гол до оние 11 кои
гипостигна во минатата сезона.
Германија 26. коло
Васоски го бутна Баерн
Александар
Васоски (Ајнтрахт - Баерн М. 1:0), заедно со Ока Николов со одлични
оценки за нивниот настап на дуѕелот со "баварците" и победата на
аутсајдерот кој стигна до три големи бодови. Двајцата наши фудбалери ги
одиграа сите 90 минути а медиумите од Германија ја фалат играта на
Васоски, кој со своите колеги од одбраната успеаја да го сопрат еден од
најдобрите напади на чело со Макај, Подолски...кои не стигнаа до
мрежата на Николов. Тимот на Отмар Хицфилд неочекувано загубија во
Франкфурт и го губат чекорот со водечкиот Шалке додека Ајнтрахт с$ уште
е во грчевита борба за опстанк во лигата.
Николче Новески
(Вердер - Мајнц 2:0), и неговиот тим немоќни против актуелниот шампион.
Ова е очекуван пораз за Мајнц во чија што одбрана цел меч одигра
Новески.
Игор Митрески с$ уште е на рехабилитација и не играше за Енерги К., кој славеше со 0:1 на гости кај Херта.