Njeznam koliko od vas ce ovo razumeti ali za onih koju razume kirilicu evo izjavu napadjaca Aco Stojkov (Debrecin) Hungary
Нема бранење во Загреб
* "Сигурно не одиме да се браниме на 'Максимир' затоа што тоа од старт би било погубно", вели Стојков
* "Има во нашите редови доволно квалитет да & приредиме ново изненадување на фудбалска Европа", додава Мазнов

Македонскиот напад дефинитивно не планира да има споредна улога на претстојниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2008 во Швајцарија и во Австрија против Хрватска во Загреб. По одличните минатогодишни резултати и победата на првиот наш натпревар во 2007 против Албанија никој во репрезентативниот табор не размислува на "Максимир" да се стационираме со одбранбен бедем. Секако, најмалку тоа го посакуваат напаѓачите од нашите редови...
"Не можам многу да зборувам за тактиката бидејќи во секој случај тоа е работа на селекторот, а ние сме тука да го почитуваме тоа, меѓутоа сигурен сум дека не одиме да се браниме во Загреб затоа што тоа од старт би било погубно против една квалитетна репрезентација како што е Хрватска", вели повратникот во нашиот напад, Аце Стојков, кој низ дресот на унгарскиот Дебрецин веќе се враќа во неговата препознатлива форма.
"Веќе ги тресам мрежите во Унгарија... Се чувствувам одлично и посакувам повторно да се вратам со голови и во националниот дрес", истакнува Стојков, единствениот од нашите фудбалери кој на првите тренинзи се пожали на мала повреда на препоните, но очекува до сабота да биде комплетно подготвен.
За разлика од Стојков, кој не беше со селекцијата во Албанија, Горан Мазнов има стандардно место во репрезентативниот дрес, меѓутоа во неговиот Локерен изминативе кола речиси и не добиваше шанса.
"Тоа што се случува во Локерен е работа на тренерот и неговите визии иако јас работам напорно и комплетно сум подготвен за сите предизвици. Но, репрезентацијата е поинаква приказна. Тука секогаш се дава и многу повеќе од максимумот затоа што националниот дрес е светост", вели Мазнов веднаш продолжувајќи со она што н$ очекува на 24 март во Загреб.
"Хрватска е фаворит, и тоа не е ништо ново. Но, сите од нашиот табор кои ќе бидат во комбинација за дуелот уште од сега се подготвени за вистинско надигрување. Не одиме однапред предадени, а силно веруваме дека во нашите редови има квалитет да & приредиме ново изненадување на фудбалска Европа".
И Стојков и Мазнов, сепак, реално знаат дека нашата отворена игра и напад на "Максимир" во голема мера ќе зависи и од играта на домаќините.
"Хрватска ја има една од најсилните генерации во последниве години. По победата над Англија силно се решени да го освојат првото место во групата, а и тоа што немаат пораз на домашен терен на еден официјален натпревар доволно зборува. Мора да признаеме дека ние по доаѓањето на Катанец играме отворен фудбал, меѓутоа на секој натпревар кога се игра против силна селекција во голема мера играта зависи и од тоа колку ќе дозволи противникот. Хрватска од стартот веројатно ќе сака да ја добие превласта на средината од теренот и тука ќе се 'крши' главната борба. Ние, пак, и минимална можност за офанзива ќе мора да ја користиме", велат двајцата македонски напаѓачи.
В.Булатовиќ
Денешниот прес од 11 часот
Денешната, прва и единствена прес-конференција на селекторот Среќко Катанец пред заминувањето за Хрватска, место од 12:30 часот, е поместена за 11 часот во хотелот "Инекс Горица" во Охрид каде и се сместени нашите репрезентативци.
Македонскиот селектор се одлучи денеска да одржи и само еден тренинг во попладневниот термин, место претходно планираните два. Откажан е оној утринскиот од 10 часот. Според програмата утре репрезентацијата ќе го има и последниот тренинг во Охрид по што в петок во утринските часови со чартер лет се заминува за Загреб.