E pa momci ovo je oficijalna informacija liferovana od MIA (Makedonska Informativna Agencija):
Загребски Бед Блу Бојси и сплитска Торцида најавија меќусебна пресметка во Скопје
Загреб, 15 ноември (МИА)
- Двете најбројни хрватски навивачки групи - Бед Блу Бојс и Торцида -
најавија меѓусебна пресметка за сабота во Скопје, за време на
натпреварот на македонската и хрватската фудбалска репрезентација од
квалификациите за Еуро 2008, јавуваат хрватските медиуми.
На ваквите најави во Загреб веднаш е дадена „тревога за општа
опасност“, па, според медиумите, експресно реагираше и хрватското
Министерството за внатрешни работи кое од своите македонски колеги
побара двете навивачки групи во Скопје да бидат постојано одделени.
Неодамнешната договорена пресметка на Бед Блу Бојсите (навивачка
група на фудбалскиот клуб Динамо) и Торцида (навивачи на фудбалскиот
клуб Хајдук) во Белопоље дава сериозен материјал за барањето што е
упатено до македонското Министерство за внатрешни работи, наведуваат
медиуми.
Според истите извори, слично барањето е испратено и до Фудбалската
федерација на Македонија (ФФМ), која во организацијата на саботниот
натпревар не сака ништо да препушти на случајот.
- Хрватското МВР ни испрати барање на трибините да ги одделиме
навивачите на Торцида и БББ за да не дојде до меѓусебни судири, изјави
за „Вечерњи лист“ генералниот секретар на ФФМ, Никола Костов, додавајќи
дека хрватските навивачи официјално нема да можат да купат билети во
Скопје.
- Но, ние сме немоќни да спречиме некој друг тоа го стори во нивно
име или навивачите да се снајдат на друг начин, додава Костов.
Хравтските медиуми предупредуваат дека доколку заради нивните тифози
дојде до немили сцени на скопскиот стадион, тогаш „возот со кој
хрватската репрезентација успешно оди кон европското првенство во
Австрија и Швајцарија, може да тргне во сосема поинаков правец“
Nadam se da razumete makedonski i cirilicno pismo...
P.S. Kako da stavim (upload) sliku koju ja zelim u avatar?????