Хрватска очекува 2.000 македонски навивачи
|
Макфакс
|
|
 |
 |
31.12.2008
Вараждин е организациски подготвен за почеток на Светското првенство
во ракомет и најавено пристигнување на околу 5.000 навивачи, од кои
најголем број околу 2.000, ќе бидат од Македонија.
Ова го истакнаа денеска на прес конференција Организацискиот одбор
во Вараждин, градот домаќин во кој Македонија ќе игра своите натпревари
од СП, во група со Полска, Германија, Русија, Алжир и Тунис.
Најголем број навивачи, околу 2.000, хрватските домаќини очекуваат
од Македонија, околу 1.500 од Германија и околу 1.000 од Русија, додека
се уште нема податоци за доаѓање на полски навивачи.
Бидејќи интересот на Македонците засега е најголем, компанијата
„Алкалоид“ со организацискиот одбор потпиша договор за поставување
посебен штанд на плоштадот во Вараждин.
„Ќе поставиме шатор во кој ќе се одржуваат централните настани за
бројните навивачи од Македонија, но и за навивачите на другите
репрезентации“, изјави Невен Сукаровски, претставник на македонската
компанија „Алкалоид“.
Освен посебното катче за македонските навивачи, вараждинските
организатори се погрижиле навивачите на сите репрезентации да имаат
свои места за собирање за што се предвидени некои од угостителските
објекти во центарот на градот.
Натпреварите во Вараждин, во рамки на групата „Ц“ од Светското
првенство во ракомет, ќе започнат со мечот Македонија - Тунис на 17
јануари.
http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=102466[uredio Babangida - 31. prosinca 2008. u 12:26]