Следуваат вонредно високи температури
26.05.2008 19:00
Пеколни
горештини над 35-иот степен и Индекс 8 на ултравиолетово зрачење,
најавуваат синоптичарите за следните денови. Најтопло ќе биде во среда
и четврток, за кога се најавени температури над 36-иот степен Целзиусов.
Здравствените
власти препорачаа серија мерки за да се ублажат евентуалните последици.
Избегнувајте директен престој на сонце, особено во периодот од 11 до 16
часот. Хронично болните лица без потреба да не излегуваат надвор и
редовно да ја земаат дадената терапија.
Се препорачува да се
консумира повеќе лесна храна, вода и безалкохолни пијалаци, да се се
носи лесна и светла облека, со заштита на главата, да се консумира
свежа или добро термички обработена храна и да се избегнуваат
производи, како што се домашно подготвен мајонез, разни кремови и
сладоледи.
„Со оглед на фактот дека на организмот му треба 10-ина
дена за да се адаптира на нагли промени, дали се високи или ниски
температури, во овој случај високите, така што, веќе од денеска, утре
се зголемени, се очекува да имаат проблеми особено хроничните болни,
постарите лица, евентуално трудниците“, рече д-р Љубе Пајковски, Итна
медицинска помош.
Поради најавените високи температури,
Министерството за здравство апелираше сите јавни здравствени установи
да бидат подобро екипирани и подготвени за евентуално зголемен број
пациенти.
Благо намалување на температурите синоптичарите очекуваат на крајот на неделата.
Tropske vrucine u MK, koje nisu bas karakteristicne za kraj 5og, pocetak 6ok meseca. Spremamo se za kupanje