обранието ја донесе Резолуцијата за признавање на Косово
09.10.2008 21:52
 |
| Бонева: Веруваме дека соработката ќе се интензивира |
|
| |
Македонското
Собрание вечерва со 85 гласа „за“, еден „против“ и 16 „воздржани“ ја
изгласа Резолуцијата за односите на Република Македонија со Косово,
поднесена од партиите ДУИ и ДПА.
Инаку, владејачката ВМРО
уште претходно ја поддржа Резолуцијата за признавање на Косово, а
според координаторот на Силвана Бонева, има неколку причини за ваквата
одлука, меѓу нив се и националниот и државниот интерес на Македонија,
добрососедските односи и регионалната стабилност поради игра со
граѓаните Албанци во Македонија, но не изостави да спомене дека
Македонија ќе ги гради и добрососедските односи со Србија.
„За
нас, поддршката на САД, која е воедно и најголем гарант и промотор на
регионалната стабилност и безбедност, е значаен индикатор, кој меѓу
другото, го определи нашиот став во однос на иднината на Косово“, рече
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.
„Во однос на соседна Србија, искрено
веруваме и ќе работиме на тоа нашите меѓусебни односи да продолжат да
се развиваат“, рече Бонева.
„Во однос на Косово, веруваме дека взаемната, политичка и економска соработка ќе продолжи да се интензивира“, додаде Бонева.
Во
текот на расправата беа одбиени трите амандмани поднесени од
пратениците на СДСМ: Косово да даде цврсти гаранции дека ќе не признае
под уставното име, заштита на националниот, образовниот и културниот
интерес на правата на Гораните во Косово, но и да се заокружи
демаркацијата со Косово.
Инаку, опозицијата речиси цел ден го
бара мислењето и одговорот од Владата по ова прашање, а го побараа и
присуството на премиерот Груевски и на министрите за надворешни и
внатрешни работи за да објаснат и да кажат дали со резолуцијата се
заштитени до крај националните и државните интереси на Македонија.
„Оваа
резолуција ќе има тежина и целосен легитимитет доколку Владата го даде
своето мислење, па и не мора да присуствува во самата сала. Во
спротивно, исто ќе биде секогаш оспорувана и нејзиниот легитимитет ќе
биде нецелосен“, вели Миле Андонов, СДСМ.
 |
| Дали Македонија да признае држава што не постои |
|
| |
Претседателот на Демократската партија Стоиљковиќ ги кажа можните
имплементации на можното признавање на Косово од страна на Македонија,
а дел од нив се и дека е можно Србија да го повлече својот амбасадор,
според Стоиљковиќ, но дека може Србија и да престане да го употребува
уставното име на Македонија.
„Оваа виртуелна реалност 17 години
во Македонија конечно денеска ќе ја разоткриеме малку. Размислувам,
досега барем шест години сосема логички се однесувам, меѓутоа нема
одговор на прашањето. Нас треба да не признае нешто што не постои“,
изјави Иван Стоиљковиќ, претседател на ДПЦ.
На ова реплицираше
пратеникот на СДСМ: „Не е тоа виртуелна реалност, реалност е - ти си
дел од власта. Ова прашање требаше да му го поставиш на Груевски“, рече
Владо Бучковски.