вечено отворена салата „Борис Трајковски“
22.05.2008 17:25
Новата повеќенаменска спортска сала „Борис Трајковски“ денеска свечено беше пуштена во употреба.
Во најголемиот спортски објект во Македонија ќе се одвиваат сите спортски натпревари од европски и од светски карактер.
Салата има капацитет од 6.000 седишта и 8.000 места за концерт. Целата изградба чинеше 16 милиона денари.
Официјалниот старт на ова спортско здание во земјава ќе го означи кошаркарската атракција од САД „Харлем глобтротерс“.
На
денешното свечено отворање сопругата на починатиот македонски
претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, изјави дека со овој чин
името на Борис не се заборава.
„Денес во мене се мешаат две силни
чувства, кои се спојуваат едно во друго. Едното е гордоста и
благодарноста, а другото е тагата, тагата која не престана по нашиот
Борис и гордоста што моите деца и јас сме дел од него“, рече Вилма
Трајковска.
„На оваа сала и прилега името „Борис Трајковски“,
затоа што тој го сакаше спортот и го поддржуваше. И покрај огромните
обврски, беше чест посетител на речиси сите спортски натпревари“,
изјави Трајковска.
„Ги бодреше македонските натпреварувачи и
навиваше за нив. Ги сакаше неизмерно младите и преку спортот
другаруваше со нив“, додаде Вилма Трајковска.
Svecano otvorena nova sala u skoplju, veceras su gosti Harlem-ci
[uredio Deneb - 22. svibnja 2008. u 19:27]