| Дома > Македонија |
< name="txtBaraj" id="txtBaraj" size="30" maxlength="70" ="text"> < ="if ofPage_ClientValidate == '' Page_ClientValidate''; " name="ctl04" value="Барај" style="font-family: Verdana; font-size: 10px; font-weight: bold;" ="submit"> |
 |
Нимиц: Сега сум поголем оптимист
08.07.2009 13:08
 |
| Нимиц - Бакојани |
|
| |
Скопје
и Атина побараа време да ги анализираат измените што ги понудив на
предлогот од октомври, минатата година изјави посредникот на ОН во
спорот за името Метју Нимиц, по средбата со шефицата на грчката
дипломатија Дора Бакојани.
„Слушајќи ги двете страни на
состанокот во Женева, на билатералната дискусија со секоја страна,
некогаш имам чувство за она што е важно за едната или, пак, за другата
страна, се обидувам да формулирам нешто кое би ги подобрило нештата.
Некогаш тоа успева, а некогаш не. Процесот продолжува“, рече Нимиц.
И
во Атина, како и во Скопје, медијаторот Нимиц одби да каже за какви и
колкави измени станува з бор, нагласувајќи дека по она што го слушнал
во Скопје и во Атина, е поголем оптимист отколку порано.
„Сега сме поблиску отколку во минатото. Сега сум поголем оптимист отколку што бев претходно“, вели Нимиц.
Откако
ќе ги добијам мислењата на двете страни, ќе видам како ќе го продолжиме
преговарачкиот процес, вели нимиц, одговарајќи на прашањето дали има
промени во позициите на двете страни.
„Не доаѓам овде повторно за
промена на позициите. Мислам дека многу јасно ги чув позициите на двете
страни. Така ќе ги оставам. Идеите им ги претставив и на двете страни
за да ја видам нивната евентуална реакција, како и да ги охрабрам да
продолжат со преговорите“, изјави Нимиц по средбата со Бакојани.
Американскиот
дипломат и во Атина повтори дека примарниот предмет е името на
државата. Очигледно е дека вашиот северен сосед, луѓето таму, имаат
свој идентитет и јазик, беше дециден Нимиц во одговорот на новинарското
прашање - што мислел со изјавата дека тие се неспорни.
„Тоа го мислев кога реков дека нема спор, дека има посебен јазик и идентитет на луѓето во државата“, одговори медијаторот.
Средбата со бакојани траеше повеќе од еден час, а Нимиц пред новинарите се појави заедно со грчкиот преговарач Василакис.
Според непотврдени информации, Нимиц во Атина ќе се сретне и со лидерот на грчката опозиција Јоргос Папандреу.
Судејќи
според оптимизмот кој Нимиц го демонстрираше вчера во Скопје и денес во
Атина, измените кој тој ги понудил на неговиот последен предлог од
октомври минатата година, очигледно ги задоволуваат клучните барања на
двете страни.
За македонската страна црвената линија е прашањето на националниот идентитет и признавањето на јазикот.
Што се однесува до Грција, таа бара новото име да биде за севкупна употреба.
По
завршувањето на средбата, на прес конференција Нимиц соопшти дека
измените кои тој вчера ги изнел пред властите во Скопје денеска им ги
пренел и на властите во Атина.